SQ
МК EN SQ
Të preferuarat
Po ngarkohet...
Shiko të preferuarat
Shporta ime
Po ngarkohet...
Дерматологија

Меланом - Терапија и третман на меланома

Меланом - Терапија и третман на меланома

Малигниот меланом е најтешката форма на рак на кожата. Тој се развива во меланоцитите, клетки локализирани во базалниот слој на епидермисот кои произведуваат меланин, пигмент кој ја одредува бојата на кожата. Малигниот меланом покрај на кожата може да се појави и на слузокожата (на пример, орална слузница, носна празнина, аногенитална регија или внатрешни органи), очите и централниот нервен систем. Меланомите се разликуваат по големината, обликот и бојата (обично се пигментирани) како и по нивната склоност за инвазивност и метастазирање. За разлика од другите форми на рак на кожата, меланомот може лесно и брзо да се шири во далечните делови на телото, каде продолжува да расте при тоа уништувајки го зафатеното ткиво. Ризикот од појавата на меланом може да се намали со ограничување на изложеноста на кожата на сонце и со избегнување и некористење на солариум. Исто така, важно е да се препознаат предупредувачките знаци на рак на кожата со цел навремено откривање на канцерогени промени на кожата, како и нивно лекување. Колку е помала продорноста на меланомот во кожата, толку е поголема веројатноста за излекување.

Лекувањето на меланом во ран стадиум обично подразбира хируршко отстранување на меланом. Иако на сите дерматолошки симпозиуми секогаш се дискутира за ширината и длабочината на рабовите на екцизиониот материјал , најголемиот дел од стручните лица од областа на дерматолошка онкологија се сложуваат со тоа да промена која има дебелина помала од 1 mm треба да се отстрани со латерална ширина на незафатена кожа од 1 см. Кај подлабоките промени може да биде потребен радикален хируршки третман и биопсија на најблиските дренажни лимфини јазли. Во таков случај покрај хируршката интервенција се препорачува и неопходно е да се примени и дополнителна терапија - хемотерапија, зрачна терапија / радиотерапија и биолошка терапија (имунотерапија). Околу 40 до 50 отсто од меланомите се развиваат од пигментирани бенки.

Ndaj: WhatsApp Facebook X

Artikuj të ngjashëm

КОНДИЛОМИ(Аногенитални брадавици)

КОНДИЛОМИ(Аногенитални брадавици)

Што може да направи дерматолог за вас

Што може да направи дерматолог за вас

← Kthehu te blogu