МК
МК EN SQ
Омилени
Се вчитува...
Прикажи омилени
Мојата кошничка
Се вчитува...
Нега на кожа

МЕЛАЗМА ( ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА НА ЛИЦЕ )

МЕЛАЗМА ( ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА НА ЛИЦЕ )

Мелазмата претставува еден вид на хиперпигментација која најчесто се јавува кај жените во вид на темни подрачја на дисколорација на лицето кои најчесто се локализирани во пределот на образите, слепоочната регија, челото и надусниците. Многу често се јавува во бременост поради што е позната и како “трудничка маска” или хлоазма. Пигментот меланин ја одредува бојата на очите, косата и кожата. Одредени внатрешни и надвоешни фактори можат да влијаат на производството на меланин. Прекумерно производство доведува до појава на хиперпигментација при што настануваат темни дамки и неизедначен тен.

Според локализацијата мелазмата може да биде: -епидермална: го погодува горниот слој на кожата и се манифестира како темно кафеави пигментации со добро дефинирани граници -дермална: локализирана во подлабокиот слој на кожата и се манифистира како плаво-сиви пигментации -мешовита: комбинација на епидермална и дермална Поради длаабочината на меланинскиот пигмент дермалната и мешовитата мелазма се потешки за третман.

Кои се причините за појава на мелазма? -генетика -хормоните се чест причинител. Бременост, употреба на контрацептивни лекови, хормонска tерапија за превенција на остеопороза, менопауза. Во овие состојби доага до промена на количината на хормоните кај жената што поттикнува стварање на поголема количина на пигмент во кожата. -ув зрачењето исто така може да доведе до зголемување на производството на меланин,а со тоа и појава на хиперпигментации па поради тоа појавата на пигментации е најчеста во летниот период од годината -употреба на неадекватна козметика, фотосензитивни препарати без употреба на креми со заштитен фактор исто така може да провоцираат појава на хиперпигментации

Третман: Третманот на хиперпигментациите знае да биде вистински предизвик посебно во летниот период бидејки само кратко изложување на сонце може да го уништи бенефитот од терапијата. Средства за заштита од сонце мора да се употребуваат секојдневно за време и после третманот, сончањето е контраиндицирано бидејки меланоцитите се стимулираат од ува и увб зрачењето.

Тераписките модалитети вклучуваат: -локални избелувачки средства(хидрокинон 2-10%, комбинирани формули на хидрокинон со третиноин и кортикостероиди, топични ретиноиди, медицински креми кои во својот состав содржат различни видови на киселини) -хемиски пилинзи(одговорот на мелазма на хемиски пилинзи е непредвидлив, постои ризик од пигментација посебно кај лица со потемна кожа) -ласерски третмани(најнова технологија за третман на хиперпигментации е pico ласерот).

Сподели: WhatsApp Facebook X

Слични статии

АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ

АТОПИСКИ ДЕРМАТИТ

← Назад на блогот