EN
МК EN SQ
Wishlist
Loading...
View Wishlist
My Cart
Loading...
Нега на коса

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА (DEFLUVIUM), ПРИЧИНИ И ТРЕТМАН

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА (DEFLUVIUM), ПРИЧИНИ И ТРЕТМАН

Опаѓањето на косата е проблем што ги мачи и мажите и жените. Губењето на косата е исклучително стресно искуство, кое често доведува до пад на самодовербата и за тоа треба да се сфати сериозно. Во просек имаме околу 100 000 влакна на главата. Косата на главата постојано опаѓа и расте нова што е природен циклус. Ние губиме помеѓу 50 и 100 влакна на ден што обично не ги забележуваме. Ако овој циклус се наруши и дојде до зголемено губење на косата, а новата коса расте бавно или воопшто не расте тогаш треба да посетиме дерматолог.

Причините можат да бидат многубројни и индивидуални кај секој човек што се соочува со овој проблем. Во одредени случаи причината може да постои некое време , но фактичкото опаѓање на косата се случува многу подоцна(од неколку недели до шест месеци ) затоа и не е толку едноставно да се утврди што го предизвикало опаѓањето. Една од најчестите причини за губење на косата е наследниот фактор.Овој губиток се нарекува андрогена алопеција кај мажи и жени. Се јавува постепено,кај мажите првично со појава на изразени залистоци , па потоа губење на косата кај темето, а кај жените доаѓа до истенчување и слабеење на косата во предниот дел на главата. Хормонален дисбаланс и одредени болеси исто така може да предизвикаат опаѓање на косата. Бременост, породување, менопауза, полицистични јајници , дисбаланс на тироидната жлезда, недостаток на железо, недостаток на вит Д, употреба на антидепресиви -се состојби кои влијаат на промена на квалитетот на косата. Стресот и силен емоционален шок, нагло губење на тежина се состојби кои исто така може нда предизвикаат губење на косата. Промени на скалпот од типот на псоријаза, изразена себореа, прекумерно мастење на скалпот треба исто така да се проверат како можна причина за опагање на косата. Одредени фризури како постојано затегнување на косата во коњско опавче,употреба на јаки хемиски третмани, препарати и пегли треба да се избегнуваат доколку забележите промена во квалитетот на косата или нејзино зголемено опаѓање.

Третманот на опаѓање на косата е комплексен поради мултифакторијалната природа на опаѓање на косата. Вашиот дерматолог најпрвин ке го прегледа скалпот, по детално земена анамнеза ке назначи одредени испитување кои треба да се направат се со цел да се пронајде причината која довела до опаѓање на косата. Доколку постои некое органско заболување, хормонски дисбаланс или недостаток на витамини, сетоа тоа треба да се регулира за да дојде до стабилизација на опаѓањето на косата, а понатака по одреден период од 3 до 6 месеци и раст на нови влакна. Современата медицина нуди сеопфатен третман со примена на локална терапија со соодветни шампони против опаѓање на коса, употреба на мезотерписки коктели или прп , употреба на биостимулативни ласери кои ке поттикнат микроциркулација и хранење на фоликулот на влакното, а со тоа и раст на нови влакна. Паралелно со локалната терапија, најдобри резултати се постигнуваат со комбинирана орална употреба на витамини и минерални неопходни за здрав раст на косата.

Share: WhatsApp Facebook X
← Back to blog